Иако граничните премини од вчера согласно одлуката на Владата целосно се отворени за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без задолжителен државен карантин, мал е интересот за патување надвор од државата. Најголем број патници забележани се на Табановце на границата со Србија и на Блаце, на границата со Косово.

Утрово најголем интерес за излез и влез во државата има само на два гранични премини во земјава според видео камерите достапни на страната Roads.org.mk.

Најголем број на возила се на граничниот премин Блаце и Табановце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.