Денеска не  очекува сончево време со мала до умерена облачност и топло, со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд.

Утринските температури на воздухот ќе се движат од 6 до 14 степени. Додека дневни температури ќе достигнат максимални 29 степени целзиусови.

Во наредните денови според Управата за хидрометеоролошки работи ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, освен во понеделник кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.