Семејството на 50 годишната прилепчанка Весна Николска бара помош за нејзино пронаоѓање откако синоќа во 23:05 часот таа излегла од нејзиниот дом по што и се губи секаков траг. Никој од роднините не ги знаат кои би биле причините за нејзиното заминување бидејќи како што велат се било во ред.
Нејзиниот син Антонио за „Фокус“ појаснува дека се било во ред со неговата мајка, кратко разговарале вечерта, ништо не навестувало според нејзиното однесување дека има некаков проблем. Кога забележал дека ја нема, ги проверил сигурносните камери, според кои го дознал точното време кога таа излегла од дома и како била облечена.
Светли тренерки, јакна во темна боја. Кај себе нема ниту документи, ниту мобилен телефон. Сега пребаруваме околу езерото, бараме помош од секој кој има било каква информација – вели за Фокус Николоски, чие семејство е познато во градот по фамилијарниот бизнис со слатки, во кој и неговата мајка била вклучена.
Додава дека сите се во шок, не знаат која би била причината за нејзиното исчезнување, ниту пак каде би можела да биде. Доколку некој има информација, или пак ја забележи, веднаш да го контактира семејството на мобилниот број 075 480 598.
Извор: Фокус
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.