Сопственикот на ресторанот во кој се одржа симпозиумот на доктори на кој предаваше и докторката Нина Цаца Биљановска, кој во моментов се лекува од коронавирус, на социјалните мрежи информираше се мерките кои биле потоа преземени.

Овој статус го пишувам, затоа што би сакал да ве информирам за случувањата после одржување на симпозиумот на дерматолози на 07-ми март во нашиот ресторан Рагуза360.
Имено би сакал повторно да нагласам дека:

– Нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од Ковид 19, која предаваше на настанот.
– По одржување на симпозиумот не се организираа други настани или прослави а Институтот за јавно здравје направи темелна и комплетна дезинфекција на објектот.
-Дел од нашите вработени кои што беа на работа тој ден се во домашен карантин и немаат никакви симптоми до денеска (поминати се 18 дена) а од Институтот за јавно здравје не информираа дека штом немаат симптоми нема потреба ниту да се тестираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.