Завршува продолженито викенд за големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, а идниот вторник повторно ќе одмараме.

Следува уште еден државен празник, Денот на независноста, 8 септември.

До крајот на годината остануваат уште четири неработни денови за сите граѓани на нашата земја.

Од нив два се продолжени викенда, а два се паѓаат во вторник.

За сите граѓани на РМ

  • 8 септември (вторник), Ден на независноста;
  • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;
  • 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;
  • 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од православна вероисповед

  • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
  • 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.