Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Оттаму го пренесуваат известувањето од Виадукт Трејд  дека на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница, на 24 август (вторник) во период од 10 до 16 часот, ќе има времена измена на режимот на сообраќај во времетрање од 45-60 дена, со комплетно затворање на делницата при изведување на грaдежни активности – асфалтирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.