Гостиварското ЈП „Јавни паркиралишта и зеленило“ од денес започнува со издавање на неделни, двенеделни и месечни билети за зонско паркирање.

Ја воведовме оваа услуга со цел додека престојуваат во родниот крај, на иселениците да им го олесниме паркирањето на возилата,бидејќи во изминатите години имавме поплаки од нивна страна дека се соочуваат со тешкотии при испраќање на смс пораки, затоа што најчесто користат мобилни телефони со броеви од странство. Но, тоа не значи дека овие услуги нема да можат да ги користат и постојаните жители на општина Гостивар -вели директорот на претпријатието, Беким Челебиу.

Од ова претпријатие исто така информираат дека блокаторите ќе бидат отстранети од употреба и за оние што ќе ги паркираат возилата без да платат за услугата, ќе се применат соодветни глоби. Во централното градско подрачје ќе се отворат наплатни пунктови, а локациите ќе можат лесно да се препознаат од страна на граѓаните,бидејќи на стаклото на продавниците каде штоќе може да се обезбедат билети, ќе бидат поставени етикети со назнака: Parking tickets!

Општина Гостивар апелира до сите граѓани да се придржуваат кон правилата за зонско паркирање, со што ќе избегнуваат несакани ситуации за себе и ќе придонесат да се стави ред во паркирањето и во патниот сообраќај воопшто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.