Управата за Хидрометеоролошки работи на Македонија издаде метео предупредување, според кое се најавува големо невреме што ќе трае и во следните денови.
Според УХМР накај земјава надоаѓаат серија влажни бранови денес попладне.
Во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период).
Процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
Прогноза за 14.05.2019
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 14°С до 20°C
Променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално и во форма на невреме со грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 15.05.2019
Минимална температура: 7°C до 12°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.
Прогноза за 16.05.2019
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Променливо облачно и нестабилно со локален дожд и грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.