Пеколно лето предвидува Акуведер за ова лето во Европа. Во својот извештај наведуваат дека подрачјата на долготрајни жештини ќе се протегаат од Португалија, Шпанија од Полска и Унгарија.

Жештината ќе биде подолготрајна од минатото лето кога рекордните температури беа измерени во деловите на Португалија, Белгија, Холандија, Германија и Скандинавија, но генерално траеа околу недела дена – напишал Ерик Листер, еден од главните метеролози во Акуведер.

Тој наведе дека температурите над 38 степени можат да се очекуваат на северниот дел Франција, Белгија, Холандија, кон Полска, Словенија и Унгарија.

Температурите над 40 степени би можеле да се очекуваат во источните и јужните делови на Франција и тоа во јули и август, а најлошо ќе биде во Португалија и Шпанија, каде по неколку дена по ред температурата може да биде од 43 степени и повеќе. Сепак жештините нема да ја зафат цела Европа.

Не би требало да бидат така брутални на Балканот, но од Грција па се до Србија и Романија на северот, Бугарија на истокот, се предвидуваат невремиња со грмотевици.

Тука невремињата ќе донесат бројни громови, поплави и разорни ветрови со град. Најсилните невремиња ќе бидат во состојба да создадат торнада – рекол Ројс.

Атмосферското пореметување како последица на тие жешки олуји, може да се очекува во долж на Медитеранот, и по деловите на источна Европа и Русија.

Тоа би требало да значи тоа што се гледа и на генералната прогнозна карта за ова лето, односно дека од западот кон истокот, во Шкотска ќе биде нормално времето во Ирска и Велика Британија можна е суша, на Пиринејскиот полуостров жештини и пожари, во Франција жештини насекаде.

Се прогнозира дека и по Италија и западниот Медитеран се очекуваат просечни температури, а од Ирак, Сирија, преку Турција, Грција, Македонија, Србија и БиХ жестоки невремиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.