Од ЕВН Македонија попладнево информираа дека на барање на МЕПСО во недела, во периодот од 03:55ч. до 07:00ч наутро Електродистрибуција ќе обезбеди безнапонска состојба на 110 кВ трафостаница „Југ Нова“. Во тој период екипите на МЕПСО ќе работат на санација на оштетено заштитно јаже.

Следствено на тоа, без електрична енергија ќе останат 261 дистрибутивни трафостаници и околу 35 268 броила во регионот на:

СКОПЈЕ – ЦЕНТАР: Веро-центар, Народна Банка, поголем дел од централното градско подрачје, нас Пролет, собрание на РМ, црвен крст , управа за приходи, Тутунски Комбинат , ГТЦ,
СКОПЈЕ – КИСЕЛА ВОДА: поголем дел од нас. Кисела Вода и нас. 11 Октомври, нас. Припор и дел од с. Сопиште,
СКОПЈЕ – АЕРОДРОМ: Поголем дел од нас. Аеродром , зграда на Македонија Табак, ф-ка Алкалоид Билкарство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.