Граѓаните на Струга апелираат да се стори нешто со ѓубрето во центарот на градот. Со денови, велат живееме во смрдеа…

Празник е не се работи. Знам дека на вработените во Комунално не им е лесна работата и дека не се мотивирани, врз основа на плата и придонеси, ама зошто мора да живееме со смрдеава и гнасотилаков?, пишува еден жител на Струга на фејсбук.

Иста слика и во Тетово.

Цело Тетово е депонија..ѓубре чистеа два пати неделно..сега еднаш.
Улици со шмрк немаат исчистено со години наназад.Цел град е паркинг..во строг центар ,баш на семафор на пешачки премин се паркираат..горе на плоштад се качени, пишува на фејсбук една жителка на Тетово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.