Екипи на јавните претријатија од Битола со градежна механизаци и камиони, како и механизација од приватни компании сè уште се на терен и работат на обездување на коритото на реката Драгор, кај базенот кај населбата Довлеџик во Битола, јавува локалниот медиуми „Битола њуз“.
Како што јавува порталот, градежна механизација на местото каде што е одронот, под новиот потпорен ѕид го санира коритото на реката со распределување на материјалот, градежен шут и друго што го носат камионите кои чекаат на ред да истоварат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека после синоќешните врнежи зголемен е водостојот на повеќето реки низ земјава, а кај дел од нив има и значително високи водостои.
Зголемен е и водостојот на Црна Река во Новаци кој се очекува и понатаму да продолжи да расте и постои можност од локални излевања на нејзините помали притоки и суводолици (меѓу кои е и Драгор), велат од УХМР.
Во вечерните часови и за време на ноќта се најавуваат нови врнежи. Можност од локални излевања, според УХМР, за време на ноќта има и во сливот на реката Црн Дрим, Кичевскиот регион, Тетовско-Гостиварскиот регион и Полошката котлина.
Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.