Врнежи од дожд во земјата се очекуваат кон крајот на месецот, околу 31. октомври. Веќе од вторник ќе има бран којшто ќе предизвика промена на времето и намалување на температурите за околу 5 степени Целзиусови. Од среда ќе има позначителна промена, потоа се можни и врнежи од дожд – прогнозира Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.
До вторник ќе продолжи исклучително топлото време, со високи дневни температури и со студени утра.
В сабота минималната температура ќе се спушти и до минус 1 степен, а максималната ќе биде од 21 до 28 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.