До крајот на денов, како и утре особено претпладне, под влијание на стабилна, сува и многу топла воздушна маса од југ времето ќе биде стабилно, суво и натпросечно топло, пренесува  Славчо Поповски.

Денес максималните дневни температури на воздухот се очекува да се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени, утре пак истите ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Во Скопје и околината максималните дневни температури исто така ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачат до околу 21, 22 степени.

Утре облачноста ќе се зголемува и навечер, како и во текот на ноќта кон недела во поголемиот дел од државава ќе има врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во недела ќе биде значително посвежо со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде се очекува да се формира и нова снежна покривка, сето ова ќе биде проследено и со северен и североисточен ветер кој повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Во недела особено доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон понеделник, услови за врнежи од снег ќе има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри што значи дека зимата уште еднаш ќе ја покаже својата сила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.