Пад на температурата за пет до седум степени и врнежи од дожд во наредните денови најавуваат метеоролозите.
Од утре попладне, како што информираат од УХМР, следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Од среда дневните температури ќе се намалат за пет до седум степени.
Утре минималната ќе се движи од минус два до пет, во среда од два до осум, четврток од еден до седум, петок од два до осум, сабота од три до девет и недела од четири до 10 степени. Дневната, пак, утре ќе биде во интервал од 13 до 23 степени, среда од 11 до 18 степени, четврток од 12 до 18, петок од 12 до 19, сабота од 13 до 19 степени и недела од 16 до 22 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.