Територијата на нашата држава се наоѓа под влијание на циклонот ЗЛАТКА кој понатаму од запад ќе услови во нашата држава да навлезе поголем влажен бран па така утре врнежи од дожд ќе има во најголем дел од државава. Локално и тоа особено на запад врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а не се исклучува можноста и за локална нестабилност проследена со појава на грмежи, вели Славчо Попоски.

На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално повремено ќе биде и СИЛЕН и ќе достигнува брзина од над 80 км/час па така во ваква ситуација за секој случај граѓаните да бидат претпазливи каде и како се движат. Локално исто така ќе наврне и позначително количество на воден талог и тоа на запад (над 30 л/м2).

Потоа во вторник ќе има стабилизација на временската состојба , намалување на облачноста и ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Повеќе облаци повторно ќе има во среда кога на запад ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а одсега гледано нов бран на врнежи ќе има во четврток особено попладне и навечер кон петок.

Инаку во најголем дел од Европа ЗЛАТКА условува многу нестабилно и врнежливо време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.