Од оваа ноќ јужните предели на Европскиот Континент вклучувајќи го и Балканот ќе потпаднат под влијание на силниот циклон Марко кој се развива некаде над Италија и во следните денови ќе услови значително поврнежливо време над овој дел од Европа, врнежите локално ќе бидат и изибилни па понекаде низ земјите од регионот можни се поплавувања.Снежни врнежи понекаде ќе има и во пониските предели низ регионот па затоа доколку патувате бидете крајно претпазливи, најавува Славчо Попоски.
Во Македонија уште од оваа ноќ локално ќе има послаби врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, услови за послаби врнежи од дожд и од снег или пак влажен снег ќе има понекаде и на пониските места.
Од утре, па во следните денови под влијание на изразениот циклон Марко ќе има почести врнежи кој локално ќе бидат и поинтензивни, на ниските места ќе врне дожд додека на повисоките и планинските места ќе има врнежи од снег со што снежната покривка ќе се зголемува.
Ветерот ќе го промени правецот во северен од четврток и ќе биде засилен во петок со што од север ќе се спушта постуден воздух а врнежи од снег ќе има и на пониските места.
Во следните неколку денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени додека на југоисток понекаде истите е можно да се искачат малку над 10 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.