Оваа зима или многу набрзо ќе се формира повторно метеоролошкиот феномен Ел Нињо и тоа значајно ќе влијае на временските услови следната година. Светските метеоролози прогнозираат дека поради овој феномен, следната 2019 година ќе биде најтоплата година во историјата. Предвидувањата се Ел Нињо да трае до февруари следната година.

Влијанието на Ел Нињо станува се поопасно во последните години поради глобалното затоплување поради што и просечните температури растат над првично предвидените.

Ел Нињо настанува поради флуктуации на правецот на ветерот и темпратурата на водата во тропскиот дел на Тихиот океан.Самиот термин на шпански значи мало момче и се однесува на малиот Исус затоа што ефектите на Ел Нињо најмногу се чувствуваат околу Божиќ.

Последниот Ел Нињо се случи во 2015-16 година и влијаеше на временските услови низ целиот свет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.