Под влијание на циклонска активност, една со центар над Велика Британија која е доста моќна, друга со центар над Италија, за време на овој викенд кај нас доаѓа голема промена на времето и поинтензивни врнежи од дожд.
Според прогнозата на Славчо Поповски повремени врнежи од дожд но со послаб интензитет и тоа во западните предели ќе има уште утре попладне и навечер додека во сабота веќе врнежите полека ќе се интензивираат, особено на запад додека во недела врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат поинтензивни, особено во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник.
Локално ќе наврне и позначително количество на воден талог (над 25 л/м2), а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен и од југозападен правец, особено од недела па натаму. На планините врнежите ќе бидат од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, особено на повисоките планини (над 1500 метри). Во недела особено навечер и во текот на ноќта кон понеделник снежната граница, особено во западните предели ќе се спушти на надморска височина од под 1200 метри.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. За време на оваа циклонска активност ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.