Топлиот бран кој ќе пробие кај нас почнувајќи од утре, ќе донесе невообичаено високи температури на воздухот, особено од вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во најтоплите региони од државава пак истите се очекува да се искачат и до 25 степени, пишува метеорологот Славчо Поповски.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со повремена умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет, токму поради ваквото јужно и југозападно воздушно струење од Сахара кон нашата територија ќе се врши минимален транспорт на прашина и на песок.

До крајот на денешниот ден пак има услови само за слаб локален и краткотраен дожд.

Биометеоролошките прилики во Македонија поради овој невообичаен топол бран ќе бидат релативно неповолни, па така кај метеопатите е можна појава на главоболка како и повремена нервоза, можна е и појава на несоница и поспаност како и тежина на главата и телото, исто така поради зголемената влажност во воздухот има услови и за појава и на спарина.

Месец март како во најголем дел од европскиот континент, па така и кај нас ќе биде потопол од вообичаеното, и покрај ова секако дека и понатаму има услови од северот и североистокот на Европа кон нашиот дел да се спуштат студени бранови кој би условувале зимски температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.