Сончево и многу топло претпладне и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град во попладневните часови, не очекува денеска.
Минималната температура утре ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок – 9.
Во Скопје за денеска се најавува слично време со услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
До средината на наредната седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со локално невреме и изолирана појава на град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.