Според најавите на УХМР, попладнево се очекува облачноста се зголеми, а на крајниот запад да има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. На север краткотрајно ќе засилува северен ветер.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
До четврток ќе имаме претежно стабилно и суво време, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од петок ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.