Во утринските часови има појава на магла, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено во источниот дел на Македонија. Во крајните западни делови ќе биде пооблачно и ќе има појава на повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура е во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени Целзиусови.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди повеќе на исток и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови со повремен дожд, на повисоките планини од снег. Во текот на ноќта кон четврток и в четврток претежно претпладне ќе има повремен дожд, кој во попладневните часови на некои места во западните делови ќе премине во повремен снег и на повисоките места.
За време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјата ќе биде суво, освен во крајните западни делови, каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег на повисоките места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.