Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2). Локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80 км/час).

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8 степени, а дневната од 5 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Во недела на планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на идната недела ќе настапи стабилизирање на времето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.