Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Како што најави УХМР, во вторник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, вдолж Повардарието умерен северен ветер. Потоа ќе преовладува значително потопло време со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.