Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а дневната од 13 до 17 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 17 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.