Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура се движи во интервал од 11 до 19, а максималната ќе биде од 31 до 36 степени Целзиусови.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер.
Минималната температура се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени Целзиусови.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и се потопло време со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде во недела и понеделник, кога во најголемиот дел од земјава температурата ќе надминува 35 степени.
Од вторник за неколку степени пониски температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.