Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во понеделник попладне и во вторник ќе биде облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на невреме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.