Времето во Македонија во утринските и раните попладневни часови ќе биде сончево, а потоа ќе настапи наоблачување, на крајниот југ и југоисток од земјава со локален дожд и ретка појава на грмежи.
Ќе дува умерен северен ветер, кој во горниот тек на Повардарието повремено ќе засилува.
Дневната температура ќе се движи од 13 до 20 Целзиусови степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до 19 степени.
За утре се прогнозира променливо облачно време, во југоисточните делови со услови за локален дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.