Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи особено на североисток. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а попладне со услови за појава на изолирана краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 32 степени.
Од денеска ќе преовладува сончево и потопло време претежно со попладневно зголемување на облачноста и со услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи особено во средината на неделата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.