Времето претпладнево е променливо облачно со поголема облачност во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал 1 до 7, а максималната од 8 до 14 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени Целзиусови.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите најпрвин ќе почнат утре попладне, а ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места над 20 л/м2). Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, информираат од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.