Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 16 степени, а дневната температура ќе се движи од 15 до 26 степени.

Во Скопјe ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната температура до 22 степени.

Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.