Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени, а УВ индексот ќе достигне 9.

Во Скопје и околината ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. В петок кон крајот на денот ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Температурите од петок ќе бидат во постепено опаѓање



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.