Прекин во водоснабдувањето денеска од 8 часот ќе имаат корисниците од улица „Прашка” во општина Карпош, поради изведување водоводен приклучок Ф-100 мм на оваа улица во населба Тафталиџе.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека утре од 7.30 часот без вода ќе бидат и корисниците од улиците „Виктор Иго”, „Дренак”, „Невена Георгиева Дуња” и „Драга Стојановска” во општина Кисела Вода, исто така поради изведување водоводен приклучок ф-100мм на ул.„Виктор Иго” 51.
Прекините во водоснабдувањето ќе траат до завршување на зафатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.