Денеска ќе биде умерено облачно со магла по котлините. Во крајните западни делови можни се слаби врнежи од дожд, а на планините слаб снег.
Утринските температури ќе се движат од -5 до 2 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 0 до 11 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -4 и дневна до 3 степени.
До недела во западните и јужните делови од земјава во пониските места ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на планините од снег ќе има од вторник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.