Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Во југозападните делови со сончеви периоди. Претпладне во источните делови, освен на повисоките планини снег ќе провејува и на некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 4 степени.

Од вторник следува период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.