Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 септември, Воздвижение на Чесниот Крст – во народот познат како Крстовден.
Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан…
На Крстовден е добро работодавците да ги исплатат своите работници. Овој обичај настанал уште одамна бидејќи на тој ден (Крстовден) се исплаќале работниците што го чувеле полето од Ѓурѓовден (6 мај) до Крстовден (27 септември).
На овој ден не се јаде ништо мрсно, дури ни растително масло.
Некои верници на овој ден јадат само леб и грозје.
Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје. Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.