Света Анастасија се роди во Рим од благочестиви родители. На тригодишна возраст остана сираче и ја прибра еден манастир, во кој игуманија беше некоја Софија. Поминаа 17 години и света Анастасија се прочу меѓу христијаните по доблесниот живот, а меѓу паганите по убавината.

Кога тогашниот градоначалник слушна за неа, испрати луѓе да му ја доведат. На судот, света Анастасија изјави дека е христијанка и беше ставена на маки. Додека ја измачуваа, таа два пати побара вода.

Некој христијанин, по име Кирил и пристапи и ја напои. Поради тоа му ја отсекоа главата.

Најпосле, и света Анастасија ја изведоа надвор од градот и ја погубија, а Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Света Анастасија и свети Кирил пострадаа за Христа за време на Декиј (249-251).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.