Според календарот на МПЦ, денеска е Св. Архангел Михаил. Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (Јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил.

Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил.

Во народот се верува дека Свети Архангел Михаил ја открил билката Ангелика. Во народната медицина ова растение се смета за лек на сè. Ангелика се користи и како лек, и како храна и како зачин поради ароматичниот вкус и мирис.

Во средниот век била една од главните лековити билки кои се користеле, а главната употреба и била за треска. Во тој период со неа се спасиле многу луѓе, па така и го добила името ангелска билка. Од тука, подоцна низ годините настанало името Ангелика.

Коренот на оваа билка е добар и за варење, а етеричните масла од ова растение се користат за поттикнување на апатитот, опоравување од тешки состојби како анорексија, како и омалаксаност. Исто така, оваа билка помага и за менструални болки и тегоби, ревматски болки и болести на црниот дроб.

Билката помага и за воспаление на белите дробови и бронхитис. Го спречува и згрутчувањето на крвта, па се препорачува и за лекување тромбоза.

Се користи и како средство за смирување и за мирен сон.

Сепак, важно е да се напомене дека конзумирањето на овој лек не е препорачано за време на периодот на бременоста, како ни во периодот на доењето на бебето. Не се препорачува да го конзумираат ни луѓе со дијабетес, и кои пијат лекови за да не им се згрутчува крвта.

Иако многу помага, оваа билка денес е речиси заборавена и надвор од употреба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.