Променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд, особено претпладне и во западните делови. На планините над 1.800 м.н.в. врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот облачноста ќе се намали. Ваква е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната темепература на југоистокот на Македонија ќе достигне до 17 степени. Во Скопје до 11, Охрид – 12, Штип – 13, Битола – 14…

Од утре, декември ќе ни донесе постудено време кое полека ќе „мириса“ на зимско. Максималната температура утре ќе достигне до 13 степени, времето ќе биде сончево, со многу ниска утринска температура – до минус пет степени (во Скопје – 1). В понеделник се очекува исто така температура до 13 степени, в понеделник со снег на планините, а во вторник и на некои пониски места во северните делови. В среда максималната температура се очекува да достигне до 12 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.