Владата на Република Македонија најостро ги демантира наводите и тврдењата во текстот под наслов „Заев со службени возила и придружба си отиде на партиски состанок во Бутел“.

Објавата е дезинформација бидејќи службеното возило на премиерот Зоран Заев, како и на сите досегашни изборни циклуси, така и на овој изборен циклус, никогаш, во ниту еден случај не се користело, не се користи и нема да се користи за партиски ниту за кампањски цели.

Државните ресурси се исклучиво во функција на граѓаните, а не на партијата. Тоа е јасно законско правило кое никогаш не се прекршило и нема да се прекрши, велат од владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.