Без струја денеска од 9 до 13 часот ќе останат корисниците од улицата „Јуриј Гагарин” од бр. 20 до бр. 40, корисниците лоцирани во нивната непосредна околина и објектот на ТЦ Олимпико.

Од 9 до 12 часот дел од корисниците од село Варвара лоцирани на страната кон село Добри Дол. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје (РЦУК ) соопштија дека без електрична енергија од 8 до 15:30 часот ќе останат корисниците од улицата 1, корисниците лоцирани на влезот во селото, а од 9 до 12 дел од корисниците од ул. Димитар Гуштанов.

Од РЦУК информираат дека денеска од 9 до 11 часот поради чистење и дезинфекција на резервоарот во село Радишани (ниска зона) можен е краткотраен прекин во водоснабдувањето на корисниците од село Радишани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.