Од „ЕВН Македонија“ АД информираа дека на 5 август 2020 година се планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје и од таа причина дел од корисниците во општините Аеродром, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер-Сандево ќе имаат прекин на електричната енергија.

 Во периодот од 08:30 до 13:30 часот корисниците од ул. Тодор Чангов – подуличките од 40 нагоре, во периодот од 08:30 до 16:00 часот корисниците од дел од с. Нова Брезница под чешмата, во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од с. Орман, во периодот од 09:00 до 12:00 часот корисниците од дел од с. Бразда ул. 1 бр. 23 ќе имаат прекин на електричната енергија, соопштија од РЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.