На ова тропско време, кога температурите во воздухот го надминуваат 40-от степен, туристите кои се враќаат од одмор од Грција преживуваат пекол. Како што пишуваат на социјалните мрежи, на граничниот премин „Евзони“ за излез од Грција се чека и по четири часа.
Многу расипани автомобили, или автомобили кои останале без гориво. Деца, но и возрасни кои се дехидрирани, а нема услови за во тоалет. Вакво нешто досега не е видено, коментираат туристи во една од групите на фејсбук каде што се споделуваат инфорамции и искуства од летувањето во Грција.
Наспороти сообраќајниот метеж на „Евзони“, на граничниот премин кај Дојран, нема подолго задржување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.