Скопјанецот Боро Стаиќ, кој седум години е парализиран, сега е заболен и со коронавирус. Тој и неговото семејство бараат помош од хуманите граѓани за собирање средства бидејќи им е потребен апарат кој го викаат „машина која спасува живот“, бидејќи Стаиќ не може да се искашла и при такви ситуации се гуши. Според страницата каде што се собираат средствата, потребни се 9.500 американски долари.
„Поради повреда од негова 18-та година, Стаиќ е парализиран од вратот надолу, сите четири екстремитети (квадиплегија). Во моментов се наоѓа во болница каде што е хоспитализиран поради Ковид-19. Тој апарат е машина за асистирано искашлување која доведува воздух во белите дробови и го исфрла брзо назад за да се исчисти секретот од дишните патишта. Ве молиме да помогнеме на Боро за неговите родители да можат да го набават апаратот и одредени дополнителни потрошни делови за истиот“, стои на интернет-страницата „Гоуфаундме.ком“ каде што може да се донира.
Стаиќ ѝ е познат на јавноста бидејќи осум години ја бара правдата за неговата парализираност, а вината ја бара кај лекари, за кои тврди дека направиле пропусти при неговото третирање во 2012 година. Во јануари минатата година, охридскиот суд донесе ослободителна пресуда за обвинетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.