Дождот што врне на целата територија на државата, на повисоките места премина во снег, објави Центарот за управување со кризи. Конкретно, на планините во западните и североисточните делови над 1.000 метри надморска височина врне снег. На делницата од Крива Паланка на околу три до пет километри од пред граничниот премин „Деве Баир” е отежнат прооден дел од патот.
Надлежните за магистралните патишта веќе преземаат активности за чистење на критичните точки на повисоките места.
ЦУК апелира до граѓаните, кои планираат да патуваат, а и тие што веќе патуваат да бидат внимателни на патиштата, како заради дождот и снегот, така и заради можни одрони. Истовремено да ги следат и информациите на надлжните служби, а и медиумите, коишто за истите критични точки и патни правци ја информираат јавноста“, информира ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.