Циклонот Кристијан од утре попладне ќе станува се посилен, а најсилен ќе биде од понеделник кога врнежите насекаде ќе се интензивираат. Локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, температурите на воздухот пак краткотрајно ќе се намалат, а потоа повторно ќе бележат тенденција на пораст. На најнвисоките планински места повремено ќе има услови и за врнежи од снег.
Од понеделник па натаму локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Поради циклонот Кристијан, особено земјоделците ќе и стават крај на подолготрајната суша која ја зафати нашата држава. Нестабилното време ќе се задржи подолго време, но за среќа не очекуваме некој изразен студен бран.
Подготви: Славчо Попоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.