Ниту за утрешниот празник – Први мај атмосферата над Македонија нема да биде стабилна, иако во текот на претпладневните часови ќе имаме сончево време со умерена локална облачност. Во попладневните часови пак ќе има зголемување на облачноста и ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот и не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Повеќе услови за нестабилност има во планинските места како и на оние населени места кој се наоѓаат во близина на планините.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Утрото ќе биде релативно свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 9 степени што значи доколку излегувате уште од рано наутро со себе задолжително да си понесете топла облека, максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Нови поинтензивни врнежи и тоа под влијание на новиот циклон Ален ќе имаме веќе од викендот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.