По стабилниот викенд, во понеделник попладне и во текот на ноќта кон вторник како и во вторник, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност и на изразен влажен воздушен бран кој ќе услови облачно време насекаде со врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат обилни и проследени со грмежи, а ќе дува и умерен до засиелн ветер , најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа од југозападен правец.
Локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 35 л/м2).
За време на викендот максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека опаѓање на температурите ќе има во вторник и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 22 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.