76 ДРВЈА ПРЕДВИДЕНИ ЗА СЕЧА ПОРАДИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА „МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ“
Проектот за реконструкција на улицата „Македонски просветители“ кој беше најавен уште во октомври минатата година, а кој започна со реализација деновиве предвидува масовна сеча на 76 дрвја.
На улицата денеска веќе се отстрануваат дрвјата, па оттука отворено и изрично бараме од локалната самоуправа, веднаш да престане сечата и во најкраток рок да најде начин како да не се масакрираат толку голем број дрвја, во состојба кога секое дрво е важно. Дополнително, имајќи го предвид и драстично намалениот број новопосадени дрвја при слични вакви реконструкции, како на пример со улицата „Јане Сандански“. Недозволиво и неприфатливо е вакви интервенции секогаш да значат масовна сеча.
Исто така прашуваме дали постојат решенија за сечење на дрвјата за предвидената реконструкција и бараме тие јавно да се објават. Бараме локалната самоуправа да објасни за оправданоста на сечата согласно решенијата. Истовремено бараме компензација за веќе исечените дрвја.
Изрично бараме ваквата масовна и недозволива сеча да престане веднаш. Под итно да се најде начин да се зачуваат другите дрвја. Езерото и зеленилото се она што го прави нашиот град толку уникатен. Дрвја треба да садиме, никако да сечеме, пишува на Фесјбук, здружението Чист Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.